Изведување и користење едноставни формули и функции
ВОВЕДНА АКТИВНОСТ (повторување за операции со цели броеви) на следен линк
- Ако во еден моном е извршена операцијата множење со неговите множители за кои тоа е можно, тогаш велиме дека мономот е во нормален вид.
- Бројниот множител во нормалниот вид на мономот се вика коефициент, а производот од променливите се вика главна вредност.
- Мономи кои имаат исти главни вредности се викаат слични мономи.
- Два слични мономи чии коефициенти се спротивни бреви се викаат спротивни мономи.
- Степен на моном е збирот од експонентите на променливите. Ако мономот е константа, тогаш се смета дека има нулти степен.
Запиши монОМ СО КОЕФИЦИЕНТ 3 И ГЛАВНА ВРЕДНОСТ $x ^5$
Oдговор: 3$ x^5$
Запиши монОМ СО КОЕФИЦИЕНТ -1 И ГЛАВНА ВРЕДНОСТ $y^3$
Одговор: -$ y^3$
Запиши монОМ СО КОЕФИЦИЕНТ -0,6 И ГЛАВНА ВРЕДНОСТ $x ^3y^5$
Одговор: -0,6$ x^3y^5$
Трансформација на алгебарски изрази
Собирање и одземање на мономи: (се собираат/одземаат само слични мономи)
- Збир од два монома кои не се слични се вика бином. Слично, збир на три монома кои не се слични се вика трином.
- Воопшто, мономите, биномите, триномите и изразите кои се збир на четири или повеќе мономи се викаат полиноми.
- Мономите од кои се состои полиномот се викаат членови на полиномот.
- Ако во еден полином сите членови се запишани во нормален вид и нема слични мономи, тогаш велиме дека полиномот е во нормален вид.
- Коефициентите на мономите од кои се состои полиномот се викаат коефициенти на полиномот.
- Степен на полином во нормален вид е најголемиот од степените на мономите од кои се состои полиномот.
Равенки, броен израз, точно бројно равенство
Понекогаш, секогаш, никогаш...
|
На даден израз со променлива му одговара соодветен броен израз, кога променливата се замени со соодветна бројна вредност. Вредноста на тој броен израз е бројна вредност на изазот со променлива
Што забележуваш од двата примери?
Во вториот пример, двата изрази имаат еднаква бројна вредност за секоја вредност на променливата. Во тој случај велиме дека се идентични изрази, а поврзанои со знакот за еднаквост $x^2+2x=x(x+2)$ прават равенство што се вика идентитет.
Во вториот пример, двата изрази имаат еднаква бројна вредност за секоја вредност на променливата. Во тој случај велиме дека се идентични изрази, а поврзанои со знакот за еднаквост $x^2+2x=x(x+2)$ прават равенство што се вика идентитет.
Вежба за заменување на буквите со негативни цели броеви во изразите на:
http://www.transum.org/software/SW/Starter_of_the_day/Students/Negative_Numbers.asp?Level=6 |
Составување и решавање на линеарни равенки
РАЗМИСЛИ И ОДГОВОРИ
1. Кои три последователни броеви даваат збир 24? 2. Кои три последователни парни броја дават збир 36? 2. Кои пет последователни непарни броја даваат збир 45? |
Линеарна низа. Општ член на низа
1+2+3+4+...+100=?
2+4+6+8+...+100=?
1+3+5+7+...+99=?
1+2+3+4+...+100=?
2+4+6+8+...+100=?
1+3+5+7+...+99=?
Претставување едноставни функции
Функциите во математиката заземаат значајно место. Со помош на функциите математичарите ги објаснуваат појавите од природата и од секојдневниот живот. Но,функциите не се користат само во математиката – тие се алатка при работата на физичарите, еколозите, метеоролозите, програмери итн...
Да објасниме: Што значи функција?
Да објасниме: Што значи функција?
Секој од погорните примери е функција. Забележувате дека функција е ''придружување нешто на нешто".Меѓутоа, не се функции следните придружувања:
Обиди се: (ниво 1, ниво 2, ниво 3 и ниво 5)