НАСМЕВИ СЕ...
НАСМЕВКАТА ЈА РАЗБИРА СЕКОЈ
ТАА Е ИСТА НА СИТЕ ЈАЗИЦИ
ГРАДЕЊЕ ПОЗИТИВЕН ОДНОС КОН СВОЈАТА ЗЕМЈА
ДЕМОГРАФСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАСЕЛЕНИЕТО
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СПОРЕД
НАЦИОНАЛНОСТ, МАЈЧИН ЈАЗИК И ВЕРОИСПОВЕД
Целта на овој проект е учениците да согледаат дека националната припадност, мајчиниот јазик и вероисповедта не се секогаш поврзани, како што владее стереотип во размислувањето (пример: сите Албанци по вероисповед се муслимани и мајчин јазик им е албанскиот). Целото истражување, на предлог на учениците, е проширено на сите националности кои живеат во Македонија.
Која година е сега кај муслиманите?
Муслиманите го сметаат времето според исламскиот Хиџретски календар, кој има 12 месеци, а почетокот и крајот на годината се одредуваат според месечевите фази.
Муслиманите ги бројат годините од Хиџра во 622 година од Грегоријанскиот календар, односно од моментот кога пророкот Мухамед со своите следбеници заминал од Мека во Медина. Хиџра е официјален календар во Саудиска Арабија и во повеќе други исламски земји. Муслиманската година е пократка од грегоријанската бидејќи нејзините месеци имаат по 29 или по 30 дена. Годината според овој календар има 354 дена, поради што муслиманската Нова година секоја година се одбележува 11 дена порано од претходната.Муслиманската Нова 1436 година ќе почне на 25 отомври според Грегоријанскиот календар, вообичаено со првото појавување на младата Месечина.
Традиционално, муслиманите ја пречекуваат Новата година во кругот на семејството, а во одбележувањата доминираат сцени и приказни за заминувањето на Мухамед од Мека во Медина.
Aндреа Секуловска VII-5одд