Цртање и толкување на столбест дијаграм
ЕДНА СЛИКА - ИЛЈАДА ЗБОРОВИ
Основен создавач на столбести
дијаграми е достапен на следниот линк. За која намена може да се користат и што може да претставуваат столбестите дијаграми? |
Столбестиот дијаграм мора да има:
1. Наслов
2. Ознаки на оските
3. Вредности на оската на фреквенција што се на исто растојание
4. Столбови со еднаква ширина и на еднакво растојание
5. Ознака под секој од столбовите

Што недостига на следните дијаграми:
Нацртај столбест дијаграм за следната задача: Двајца другари собирале податоци за омилениот спорт на нивните соученици од училиштето. Добиени се следните податоци:
- фудбал - 11
- ракомет - 45
- кошарка - 50
- гимнастика - 25
- пливање - 60
Цртање и толкување на пиктограм-
сликовен дијаграм
сликовен дијаграм
Објасни ги грешките кои ги забележуаваш на следните сликовни дијаграми:
Цртање и толкување на секторски дијаграм
Секој секторски дијаграм треба да содржи:
1. Име на дијаграмот
2. Легенда
3. Означени сектори со додавање на знакот %
4. Збирот на процентите во сите сектори треба да дава 100
Што е погрешно или недостига во следните дијаграми:

Разгледај ги податоците во табелата и нацртај соодветен секторски дијаграм:
Годишно време |
Пролет |
Лето |
Есен |
Зима |
Број на ученици |
10 |
15 |
7 |
4 |
Дијаграми на фреквенција за групирани дискретни податоци
Податоците може да бидат дискретни или континуирани.
Дискретните податоци можат да добијат само одредени вредности (обично цели броеви) како што е бројот на деца по семејство, број на ученици по паралелки, број на автомобили и сл.
Континуираните податоци може да земат која било вредност во даден опсег, на пример маса, висина, возраст или температура.
Понекогаш, собраните податоци може да бидат премногу за да бидат значајни. Потребно е да ги организираме податоците на некој логичен начин за да добиеме смисла од нив. Можеме да групираме податоци во класи. Секоја класа е позната како класен интервал.
ПРИМЕР: Во табелата подолу е дадена масата на 40 ученици

Податоците треба да се групираат, користејќи соодветна скала. Тоа ќе се направи на следниот начин:
Чекор 1: Рангот на податоци е 78-48=30 (најголемиот минус најмалиот податок).
Чекор 2: Податоците треба да се поделат во еднакви интервали. Во овај случај избораме 30 да се подели на интервали од 5 (не мора секогаш да биде така, може од 10 или некој друг број, зависно од податоците). Почнуваме од 45 и завршуваме со 79
Чекор 3: Цртање на табелата на честота (фреквенција)

Модална класа е групата податоци со најголема фреквенција.
Секој дијаграм на фреквенција за групирани податоци треба да содржи:
1. Наслов
2. Еднакво групирање на податоците
3. Ознаки на оски
4. Соодветна скала
1. Наслов
2. Еднакво групирање на податоците
3. Ознаки на оски
4. Соодветна скала
РАЗМИСЛИ И НАЦРТАЈ:
За дадените податоци нацртајте табела на фреквенција, а потоа претставете ги податоците со некој вид дијаграм.
a) Во една анкета за омилен предмет кај учениците од едно одделение се прибрани следнивеподатоци:
Јана-ликовно, Бојан-музичко, Јована-музичко, Благица-биологија, Маја-математика, Сара-англиски, Иван-географија, Ана-математика, Марија-физичко, Никола-англиски, Дарко-физичко,Бисера-биологија, Дејан-физичко, Наум-историја, Ема-музичко, Аце-физичко.
б) При набљудување на една улица од 11-13 часот се регистрирани следните движења:
Пешак, автомобил, велосипедист, автомобил, пешак, пешак, автомобил, автомобил,велосипедист,автомобил, пешак , автобус, велосипедист, автомобил, автомобил, автомобил, пешак, велосипедист, пешак, автомобил, автомобил.
в) Одредена група на испитаници биле прашани колку е стар нивниот автомобил. Одговорите кои ги дале биле следни:
16, 16, 15, 15, 15, 14, 14, 14, 14, 14, 13, 13, 13, 13, 13, 12, 12, 12, 12, 12, 12, 12, 11, 11, 11, 11, 11, 11, 11, 11, 10, 10, 10, 10, 10, 10, 10, 10, 10, 10, 9, 9, 9, 9, 9, 9, 9, 9, 9, 9, 9, 9, 8, 8, 8, 8, 8, 8, 8, 8, 8, 7, 7, 7, 7, 7, 7, 6, 6, 6, 6, 6, 5, 5, 5, 5, 5, 4, 4, 4, 3, 3, 2, 2, 1

Пресметува аритметичка средина од едноставни табели на фреквенции
Аритметичка средина или просек се пресметува на следниот начин:
Пример, аритметичка средина за: 2,5,7,10 и 12 е:
(2+5+7+10+11)/5=35/5=7
Читањето на вредности од голема група на податоци е тешко, затоа најдобро е да се изврши групирање на податоците во табела во која се изброени еднаквите вредности. Пример, ученици биле прашани колку книги прочитале изминатиот месец, а дадени биле следните одговори:
0, 1, 3, 4, 3, 2, 4, 0, 5, 3, 4, 3, 2, 3, 2, 0, 4, 1, 3, 1, 2, 1, 2, 3, 5, 4, 1

Аритметчката средина би била 66/27=2,444...
Со помош на онлајн виртуелна коцка http://dice.virtuworld.net/ изврши 30 фрлања и определи ја аритметичката средина на исходите. За полесна пресметка, состави табела на честота како во примерот погоре.
Аритметичка средина, Ранг. Мода и Медијана