Мерки за должина, маса, зафатнина, температура и време
Виртуелни мерни инструменти
Претворање на една мерна единица во друга
ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ...
1. Дали е точно дека висината на личност е еднаква со должината на врвца која трипата е намотана околу нејзината глава?
2. Измерете една паричка од 10 денари. Колкава вредност имаат 10,5 kg такви парички?
3. Призма и пирамида имаат иста основа и иста висина. Колку пати повеќе течност собира призмата од пирамидата?

Мерење и пресметување плоштина и периметар на правилни фигури
ЗА ОНИЕ КОИ САКААТ ДА НАУЧАТ ПОВЕЌЕ:
ЕДНОНЕДЕЛНА ВЕЖБА-мерни единици и плоштина на правилни фигури
Други мерни системи
1. Јас сум висок 180 cm.Колку сум во со фита и инчи, ако 1 инч е 2,5cm, а еден фит е 12 инчи?
2. Симе во својата тетратка наацртал отсечки со должина 2 инчи, 6 инчи, 4 инчи и 1 инч. Колкава е вкупната должина на отсечките изразена во инчи?
3. Еден авион патувал ос А до В. Патот го минал за три часа. Пвиот час поминал 500 милји, вториот час за 50 милји помалку отколку првиот, а третиот час колку првиот и вториот заедно. Колку километри поминал авионот?
4. Колку вкупно течност има во галони ако ги собереме сите садови во кои има: 1,5l, 5l, 4,45l, 5,25l, 8,5l, 20l?

Пресметување на временски интервали
ВРЕМЕНСКИ ЗОНИ -
различно време во различни места
различно време во различни места
На фотографијата горе е прикажана релацијата на Филијас Фог (на ова патување поаѓа со својот верен слуга Жан Паспарту) која требало да ја помине за да ја оствари својата цел. Напишани се сите градови низ кои поминал, почнувајќи од Лондон и враќајќи се во истиот град. По завршувањето на патувањето мислеле дека задоцниле еден ден и дека во Лондон пристигнале во понеделник. Но, откако еден документ нема да му биде издаден на Фог бидејќи е неработен ден - недела, тој сфаќа дека дошле пред крајниот рок, и со брзина на светлината, тој се качува во кочија и пристигнува во клубот Реформ по што им докажал на сите присутни дека светот навистина може да се заобиколи за 80 дена.Ако не и помалку...
ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА...
- Идејата за временски зони била за првпат предложена на меѓународна конференција во 1884 година. До крајот на векот, идејата веќе била прифатена и започнала да се употребува речиси секаде.
- Временските зони имаат цел да го решат проблемот со различните сончеви периоди ширум светот. Но, ништо на светот не е совршено. Како што е видливо на мапата, временските зони имаат мали грешки. На пример, Алјаска има иста временска зона, иако би требало да има две.
- Потоа, Аргентина ја користи истата временска зона како и источен Бразил, за разлика од Боливија и Парагвај, кои се наоѓаат веднаш над Аргентина и ја користат истата временска зона како и западен Бразил.
- Индија функционира според индиско стандардно време, но некои делови од земјата следат сопствени временски зони.
- Кина се дели на 5 различни временски периоди во поглед на Сонцето, но земјата користи само една временска зона. Тоа понекогаш предизвикува потешкотии во западните провинции.
- Северна Кореја, Њуфаундленд, Индија, Иран, Авганистан, Бурма, Шри Ланка, Маркизки, како и делови на Австралија користат половина час отстапувања од стандардно време, а некои земји, како Непал или острови на Нов Зеланд, користат четвртина час отстапувања.
УЧЕНИКОТ Е НАСТАВНИК
На дадениот линк поставен е нагледен тест со решени задачи и текстуални проблеми поврзани со геометрија и мерење со грешки или типични нејаснотии кои треба да ги проверите како да сте наставник.
Потребно е да вклучите коментари за тоа зошто проблемите се грешно решени и како да се подобри работата. На крај напишете и оцена според своето мислење.
Потребно е да вклучите коментари за тоа зошто проблемите се грешно решени и како да се подобри работата. На крај напишете и оцена според своето мислење.