Операции со дропки
Оваа апликација овозможува полесно и поитересно совладување на основните поими за дропки. Внимателно избери го нивото кое ќе го работиш.
Собирање на дропки
СОБИРАЊЕ НА ДРОПКИ СО ИСТИ ИМЕНИТЕЛИ
Миле и Весна јаделе чоколадо како на сликата. Миле изел 2/5 од чоколадото, а Весна 1/5.
- колку коцки чоколадо изел Миле?
- колку коцки чоколадо изела Весна?
- колку коцки чоколадо изедоа заедно?
- дали го изедоа целото чоколадо?
- колкав дел од чоколадото изедоа?
ОБЈАСНИ:Како се собираат дропки со исти именители?
Реши ги задачите:
Реши ги задачите:
1. 3/8+4/8=
2. 4/12+2/12= |
3. 3/8+7/8=
4. 7/9+5/9= |
5. 3/14+5/14+11/14=
|
СОБИРАЊЕ НА ДРОПКИ СО РАЗЛИЧНИ ИМЕНИТЕЛИ
Марија и Билјана јаделе чоколадо како на сликата, но Марија изела 1/4 од чоколадото, а Билјана 1/5.
Колкав дел од чоколадото изеле заедно?
УПАТСТВО: Обиди се дропките 1/4 и 1/5 да ги претставиш со ист именител!
СЕГА ОБИДИ СЕ САМ:
Дропки со различни именители се собираат така што:
1.__________________
2.__________________
3.__________________
Одреди ги следните збирови:
1.__________________
2.__________________
3.__________________
Одреди ги следните збирови:
1. 5/6+7/10
|
2. 3/4+9/10
|
3.3/4+3/8+5/12
|
4.* 0,25+13/16
|
провери се!!!
ОДЗЕМАЊЕ НА ДРОПКИ. ОДЗЕМАЊЕ НА МЕШАНИ БРОЕВИ
Провери го своето предзнаење преку следиот тест.
|
ВЕЖБИ ОД СОБИРАЊЕ И ОДЗЕМАЊЕ НА ДРОПКИ И МЕШАНИ БРОЕВИ
МНОЖЕЊЕ НА ДРОПКИ
Производ на природен број и дропка
А.Сашо и Мимоза купиле 4 ленти, секоја од нив долга по 3/4 метри. Колкава е вкупната должина на купените ленти?
Реши ги задачите:
а. 5* 7/10 б. 20* 3/40
Определување на дел од цело
Б.Во едно одделение има 20 ученици, од кои 3/5 се девијчиња. Колку девојчиња има во одделението?
Реши ги задачите:
а. 5/12 од 60 б. 4/16 од 80
Определување на дел од дропка(множење на две дропки)
В. Обиди се да пресметаш колку е 1/4 од 5/6.
Доколку не можеш или не знаеш да пресметаш, користи ја следнта апликација во GeoGebra
Реши ги задачите:
а. 5* 7/10 б. 20* 3/40
Определување на дел од цело
Б.Во едно одделение има 20 ученици, од кои 3/5 се девијчиња. Колку девојчиња има во одделението?
Реши ги задачите:
а. 5/12 од 60 б. 4/16 од 80
Определување на дел од дропка(множење на две дропки)
В. Обиди се да пресметаш колку е 1/4 од 5/6.
Доколку не можеш или не знаеш да пресметаш, користи ја следнта апликација во GeoGebra
Реши ги задачите:
а.7/9*3/14 б.(2/9*3/8)*6/11=
а.7/9*3/14 б.(2/9*3/8)*6/11=
Провери колку си научил за множење на дропки
|
На линкот подолу има 15 решени примери за множење на дропки.
|
РЕШЕНИ ПРИМЕРИ
1.Решени примери од претворање на дропка во мешан број
4. Решени примери од еднаквост на дропки
|
2. Решени примери од претворање на мешан број во дропка
5. Решени примери од подредување на дропки
|
3. Решени примери од претставување на дропка на бројна права
6. Решени примери од собирање, одземање и множење на дропки
|
ПРОВЕРИ ГО СВОЕТО ЗНАЕЊЕ
ДЕЛЕЊЕ НА ДРОПКА СО ДРОПКА
СВОЈСТВА НА ДЕЛЕЊЕ НА ДРОПКИ. БРОЈНИ ИЗРАЗИ И ПРИМЕНА
КАРТИЧКИ СО ДРОПКИ
Fraction wheel-згодно помагало кое ги поврзува дропките, децималните броеви и процентите, сето објаснето со слика. Само испечати го документот и исечи ги картичките
|
ПРОЦЕНТОМЕТАР
Помош при цртање на секторски дијаграм.
|
На следниот линк има картички кои треба да се исечат и да се распределат во два дела. Со извлекување по една картичка од секој дел се составува задача за проценти.