OРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО
Oрганска храна
Органска храна е онаа храна која е одгледана или произведена по природен пат, без инсектициди, пестициди, вештачки ѓубрива, хормони за растење, антибиотици, вештачки адитиви, вештачки бои и храна која не е генетски модифицирана. При производството на органска храна сите машини се чисти, со цел храната да нема никаков допир со каква било хемикалија. Дури и при транспортот на органската храна се посветува големо внимание транспортното средство претходно да биде добро исчистено од било какви хемикалии кои би можеле да ја контаминираат храната.
Предности на органската храна
Храна за која сме сигурни дека е здрава
Органската храна содржи повисоко ниво на витамин Ц и неопходни минерали како калциум, магнезиум, железо и хром, но исто така и неопходни антиоксиданти кои се борат против ракот. Свежите органски производи содржат околу 50% повеќе витамини, минерали, ензими и останати хранливи материи од не-органски одгледуваните земјоделски производи. Научно е докажано дека органската храна е подобра за човекот.
Храна која не содржи адитиви
Органската храна не содржи адитиви кои можат да предизвикаат здравствени проблеми како срцеви заболувања, остеопороза, мигрена или хиперактивност. Помеѓу адитивите кои се забранети во производството на органска храна спаѓаат хидрогенизирани масти, аспартам (вештачки засладувач) и моносодиум глутамат.
Храна која е произведена без пестициди
Преку 400 видови хемиски пестициди секојдневно се користат во земјоделието, па затоа и често се присутни во самата не-органска храна. Затоа, органски сертифицираната храна не содржи никаков вид на пестициди кои се штетни по здравјето на човекот.
Храна која не содржи генетски модифицирани состојки
Генетски модифицирани растенија или состојки не се дозволени во органските стандарди.
Храна која не содржи никакви антибиотици или други видови дроги
Во светот постои голема загриженост за употребата на антибиотици кај животните кои би можеле да имаат негативни последици за човековото здравје. Органскиот сертификат гарантира дека храната не содржи никакви антибиотици.
Храна произведена по високи стандарди
Органската храна доаѓа од извори на кои може да им се верува. Сите фарми на органска храна, како и сите компании производители на органска храна се подлежни на секојдневни инспекции. Стандардите на органска храна се дадени од Европската Унија и се составен дел од Законот на ЕУ.
Грижа за животните
Здравјето на животните има значајна улога во органските стандарди. Придобивките од органскиот пристап се поддржани од многу светски организации кои се борат за правата на животните.
Грижа за природата
Органскиот начин на производство е добар за природата, не ја загадува со разни хемикалии, произведува помалку јаглерод диоксид – главниот глобален гас кој ја загадува земјата – како и помало количество на опасни ѓубрива.
Врвен вкус
Голем број луѓе преферираат органска храна бидејќи е повкусна.
Како да препознаете органски произведена храна?
Секој органски произведен и органски сертифициран производ има свој знак кој потекнува од земјата каде е произведен, како и свој регистарски број. Така што, само доколку го видите знакот за органска храна и регистарскиот број, можете да бидете сигурни дека тоа е органска храна.
изработил:Е.Стојчевска 7-3 одд