Еквивалентни дропки. Кратење на дропки
На сликата се прикажани дропки за кои велиме дека се еквивалентни. Што подразбираш под поимот еквивалентни дропки?
На следниот линк има квиз во кој дропките треба да се доведат во нескратлива форма.
|
Споредување на дропки
На следниот линк може да најдете веб страна за споредување на две дропки со дијаграми за поддршка
|
Подредување на дропки
Претворање на мешан број во неправилна дропка и обратно
Претворање на мешан број во дропка и обратно на следниот линк
|
Собирање и одземање на дропки
Собирање и одземање на дропки со исти и различни именители - линк
|
Наоѓање на дел од целина
Кој најбрзо до точен одговор?
Пресметај ги деловите од цело зададени на сликата. Собери ги сите одговори. Кој број го доби? |
Дополнителни задачи за вежбање на постапката има на следниот линк. Се решаваат ниво1 до ниво 4.
|
Поим за размер
ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА...
...човечките тела доаѓаат во сите големини и форми? Меѓутоа, кога ќе почнете да ги мерете, ќе најдете дека нашите тела покажуваат изненадувачки сличности - и уште повеќе изненадувачки, можеме да ги изразиме овие со математички концепти.

Овој сооднос е приближно еден во еден однос, што значи дека распонот на рацете на една личност е приближно еднаков на нивната висина. Постојат многу повеќе човечки тело коефициенти; некои се независни од возраста, а други се менуваат како што растеме од бебе до возрасен. Повеќе за размерите во човечкото тело може да прочитате на https://www.scientificamerican.com/article/human-body-ratios/
Со помош на конец провери ги следните тврдења:
|
1. Распонот на рацете е приближно еднаков на висината на човек
2. Висината на човек е приближно три пати поголема од обемот на главата 3. Висината на човек е четирипати поголема од должината на бутната коска |
Шема број1
Односот на црвено со зелено е 7:6.
Сите четири аголни квадрати се со иста боја.
Односот на зелена и сина е 1: 1.
Квадратите на краевите на централната колона се жолти.
Односот на црвено и жолто е 7: 6
Моделот има една линија на симетрија.
Колоната лево има два црвени квадрати.
Односот на жолта и зелена е 1: 1.
Една од дијагоналите е целосно црвена
Квадратите на краевите на централниот ред се жолти.
Горниот ред е ист како долниот ред.
Левата колона е иста како и десната колона.
Секој четврт квадрат е сино (читање од лево кон десно како читање книга).
Квадратот во редот 2, колоната 2 е жолт.
Ниту една дијагонала нема сини или зелени квадрати.

Шема број 2
- Односот на зелено и црвено е 5:4.
- Односот на зелено и сино е 10:1.
- Односот на црвено и жолто е 4:3.
- Моделот има две линии на симетрија.
- Колоната лево нема црвени квадрати.
- Односот на жолта и зелена е 3:5.
- Има само еден син квадрат.
- Колоната од десната страна нема жолти квадрати.
- Централниот ред не содржи црвени квадрати.
- Долниот ред содржи два црвени квадрати.
Врска меѓу размер и дел од целина
Најди ги размерите и упрости ги. Одговорите погледни ги подолу.
|
Правопропорционални величини
Утврди кои од следните величини се правопропорционални, кои се обратнопропорционални, а кои ни едно ни друго:
- Изминат пат на возилото и потрошено гориво
- Периметар на страна на квадрат и неговиот периметар
- Работа што треба да се заврши и број на работници
- Број на прочитани страни и изминати денови
- Брзина со која се движи автомобил и времето потребно да се стигне до некоја дестинација
- Број на цевки од кои се полни некој базен и време потребно да се наполни
- Број на часови кои сте ги поминале на работа и сумата пари која треба да ви се исплати
- Број на деца на кои треба да се подели одредена сума пари и сумата која секое дете ќе ја земи
- Количина на евра (долари или некоја друга странска валута) и количина на денари кои ќе ги добиете во менувачница
- Плоштина на квадрат и должина на страна на квадрат
- Волумен на коцка и должина на раб на коцка
- ПРОДОЛЖИ СО НАБРОЈУВАЊЕ ПРИМЕРИ...
ПРОСТО ТРОЈНО ПРАВИЛО
Задачите во кои се среќава права или обратна пропорционалност се решаваат со помош на просто тројно правило. Се вика просто, затоа што има и сложено тројно правило. Називот тројно потекнува од таму што врз основа на три познати бројни вредности на две пропорционални величини, се одредува четвртата вредност.

1. Условот на задачата се пишува како прв ред (условен став), а барањето како втор ред (прашален став), при што се внимава вредностите на соодветните величини да бидат истоимени и да бидат запишани една под друга
2. Стрелките се пишуваат во иста насока, ако величините се правопропорционални, а во обратна насока, ако се обратнопропорционални. Притоа првата стрелка започнува од непознатиот член
3. Според насоката на стрелките се составува пропорција во која се пресметува непознатиот член

МАТЕМАТИКА ВО КУЈНАТА
Во рецепт за 4 палачинки, потребни ви се:
- 6 лажици брашно
- 1/4 од литар млеко
- 1 прстофат сол
- 1 јајце
Во рецепт за 4 палачинки, потребни ви се:
- 6 лажици брашно
- 1/4 од литар млеко
- 1 прстофат сол
- 1 јајце
- Колку јајца се потребни за да се направат 8 палачинки?
- Колку млеко е потребно за да се направат 10 палачинки? Како знаете? Кој множител го користевте?
- Колку брашно е потребно да се направат 14 палачинки?
- Колку млеко е потребно да се направат 6 палачинки?
Решавање на проблеми од секојдневниот живот
Учениците мешаат боја следејќи даден размер или дизајнираат своја боја/нијанса, забележувајќи го размерот.
|
ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ:
Потребни се 10 часа да се наполне резервоар од 200 m3 со употреба на четири цевки. Колку време би било потребно да се наполни резервоар од 500 m3 со употреба на две цевки?
Потребни се 10 часа да се наполне резервоар од 200 m3 со употреба на четири цевки. Колку време би било потребно да се наполни резервоар од 500 m3 со употреба на две цевки?