Мерење на времето
1. Кои мерни единици за време ги понајдовте во текстот?
2. Што означуваат поимите предпладне и попладне ? 3. Како поинаку може да се запишат времињата од текстот? 4. Зошто пишувa "Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6:22 часот"? 5. Дали Сонцето секаде изгрева во исто време? |
Астрономски календар
Денес е недела, 13 ноември 2016 година, 318. ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 48 дена.
Сонцето во Скопје изгреа во 6:20 часот предпладне, а ќе зајде во 4:15 часот попладне. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 3:53 часот попладне, а ќе зајде во 4:31 часот наутро. |
ЗА ОНИЕ КОИ САКААТ ДА НАУЧАТ ПОВЕЌЕ - за временските зони и потребата од нив може да прочитате тука.
На линкот подолу има вежби со кои можеп да го провериш твоето знаење за читање и запишување на време од дигитални и аналогни часовници, во 12 и 24 часовен формат
|
ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ:
Во еден град на 20 јуни Сонцето изгрева во 4:10 часот претпладне, а заоѓа во 7:35 часот попладне. На 24 декември Сонцето изгрева во 7:12 часот претпладне, а заоѓа во 4:22 часот попладне. Запиши ги времињата во 24-часовен запис. Одреди колку трае денот на 20 јуни и 24 декември. |
Временски распоред на еден ден
Поврзи ги паровите соодветни дигитални и аналогни часовници
|
Процени колку врреме ти е потребно за....
|
Мерни единици за должина, маса, зафатнина, време и температура
Мерење — постапка со која се утврдува соодносот една физичка величина како должина, време, температура и сл. со некоја мерна единица, како метарот, секундата или Целзиусовиот степен.
Мерните единици се во суштина произволни, т.е. луѓето се тие што ги измислуваат и што се договараат да ги користат. Не постои ништо својствено за самата природа што диктира дека сантиметарот треба да ја има должината што ја има, или дека километарот е подобра единица за растојание од милјата. Со текот на времето луѓето почнале да договараат сè постандардизирани единици за да ги задоволат потребите на човечката цивилизација во развој, како заради усогласување, така и правно, за спречување на измами во трговијата.Денес мерните единици се дефинираат на научна основа под конрола на национални установи и во согласност со меѓународни договори и спогодби, од кои најзначајна е Генералната конференција за тегови и мерки (CGPM) која е започната во 1875 со Спогодбата за метарот и донесува одлуки за Меѓународниот систем на мерни единици (SI). Системот е во надлежност на Меѓународното биро за тегови и мерки, кое го чува и меѓународниот килограмски еталон (прототип).
Утврден на единаесеттата генерална конференција за мерки и тегови во 1960 година, тој има седум основни и две дополнителни големини и единици за кои што се смета дека во потполност ги карактеризираат нам познатите појави, а и материјата која можеме сетилно да ја восприемаме. Се нарекуваат основни, бидејќи од нив се изведуваат сите останати.

На линкот подолу има шема која ќе ви помогне во претворање на една мерна единица во друга, а како помош и проверка на решенијата може да послужи конвертерот од една мерна единица во друга.
|
Претворање на една мерна единица во друга
Периметар и плоштина на правилни форми
ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ:
- Може ли да се нацрта една форма во која областа е нумерички еднаква на нејзиниот периметар? И уште некоја друга?
- Може ли да се нацрта форма во која периметарот е нумерички два пати поголем од нејзината плоштина?
- Може ли да се нацрта форма во која областа е нумерички двапати поголема од периметарот?
- Може ли да се нацртаат две форми кои имаат ист периметар, но различна плоштина?
- Може ли да се нацртаат две форми кои имаат иста плоштина, но различен периметар?
Определување плоштина на неправилна форма со броење на квадрати
ПРЕДИЗВИК:
Кој има најголема рака во одделението? |
Определување на должини кои недостигаат кај формите