ПРЕПОЗНАЈ ГО НАСИЛСТВОТО,
КАЖИ НЕ НА НАСИЛСТВОТО!!!
Во
склоп на наставните
единици ``Справување со насилничко однесување`` и ``Разрешување
конфликти`` од прирачникот по Животни вештини, а модифицирано за потребите
на проектот на училиштето УЧИЛИШТЕ БЕЗ НАСИЛСТВО,на час на одделенска заедница беа спроведени две работилници преку кои
учениците беа запознати со облиците на насилство, начини како да ги препознаат
различните видови насилство и како да реагираат на нив.
На часовите се дискутираше за тоа како треба да се реагира на насилничко однесување за да се заштити жртвата и како треба да се реагира за да се спречи насилничко однесување. Учениците,преку овие работилници, ги согледаа негативните последици од нереагирањето во ситуации кога некој друг или нешто друго е жртва на насилничко однесување.
Преку примери од секојдневниот живот, учениците увидоа дека луѓето можат различно да гледаат на исти нешта и тоа може да биде извор на кофликт,
но научија и прифатија дека во секој конфликт има најмалку две страни, дека од начинот на реагирање зависи дали конфликтот ќе се реши или ќе ескалира односно ќе прерасне во насилна ситуација.
Сето она што го научија и увидоа го преточија во литературни и ликовни творби,а еве како изгледаат дел од нив:
Другар-што е тоа?
Тоа е онај на кој можеш да се потпреш, онај кој ги знае сите твои тајни.Другарот ја подава својата за да ти помогне.Вистинскиот другар е со тебе и во добро и во лошо.Тој е онај на кој можеш да му се довериш, да му ги кажеш твоите тајни, знаејќи дека нема да те открие. Другарот е тука да те утеши кога си ташен, да те насмее. Во едно, тој е оној кој го знаеш најдобро од сите, ги знаеш сите негови особини. Заеднички создавате еден свет кој го познавате само вие двајца, свет во кој владеат само вашите желби, дружба и вистинска другарска љубов. Тоа е светот на ДРУГАРСТВОТО.
Кога постои едно вакво единство, тогаш тоа значи дека постои другарство. А, другарството е најубаво нешто што те прави среќен. Токму затоа може да се каже дека човекот без другар и другарство е човек без среќа и чиста љубов.
Благојче Митевски 6-4
СТОП,СТОП НАСИЛСТВО
Зошто да се караме,
зошто да се тепамe
кога можеме да се дружимe
рака еден на друг да си пружиме.
Зошто да има
непочитувања,насилства и лаги
кога знаеме
тоа придонесува за страдања и лаги.
Зошто да постои меѓу нас делба
кога може да има веселба.
Ајде да се дружиме,
ајде да се сакаме,
стоп на насилството да речеме
и сите заедно да го спречеме.
Зорица Наумовска 6-4 одд
НАСИЛСТВОТО НЕ Е РЕШЕНИЕ!!!
Ѕвончето заѕвони.Часот започна.Сите влеговме во училницата.Влезе и наставничката и започна да ни ја прегледува домашната работа.Само Димитар и Дејан немаа домашна работа.Димитар рече дека Дејан ми ја зел домашната тетратка и поради тоа нема напишано,а истото го рече и Димитар.
Меѓу нив започна расправија која продолжи и после часовите.Двајцата другари почнаа де се навредуваат и да си кажуваат погрдни зборови. Набрзо расправијата премина и во тепачка, во која и двајцата беа повредени. Во целата ситуација набрзо се вклучи и наставничката, а повикани беа и родителите. Со разговор се реши проблемот,наместо со погрдни зборови и со повредување.
Димитар и Дејан разбраа дека нема ништо поважно од другарството и дека на навреда не се враќа со навреда,на удар не се враќа со удар.
НАСИЛСТВОТО НЕ Е РЕШЕНИЕ!!!
Катерина Трајчевска 6-4одд
СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО
Под семејно насилство се смета однесување на член на семејството кој со примена на сила, закана и заплашување врши телесни повреди, емоционална или сексуална злоупотреба и материјално, сексуално или работно искористување на друг член на семејството.
Како семејно насилство се смета однесување сторено:
v од едниот брачен другар врз другот брачен другар, кои живеат или живееле во брачна или вонбрачна заедница или во кој било вид на заедница како семејство или ако имаат заедничко дете;
v меѓу браќа и сестри, полубраќа и полусестри;
v над дете;
v над постари членови на семејството и
v над лица-членови на семејството чија деловна способност е делумно или целосно одземена.
ВИДОВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО
v Психичко насилство е дефинирано низ неколку конкретни однесувања и тоа: контрола, изолација, омаловажување или понижување пред другите, барање дозвола да побара здравствена заштита
v Физичко насилство е дефинирано како: употреба на физичка сила или, пак, закана дека истата ќе биде употребена врз жената од страна на нејзиниот брачен (сегашен или поранешен) сопруг или вонбачен партнер или од друг полнолетен член од нејзиното домакинство.
Христијан Жежовски 6-4 одд
СИТЕ СЛОЖНИ ДА БИДЕМЕ
Ајде сите сложни
да бидеме,
против гласот на насилството
заедно да идеме.
Да имаме чиста
и добра душа,
а не гласот на насилството
да се слуша.
Ајде сите да бидеме
како сестри и браќа,
и запомнете:
на доброто со добро се враќа.
Ана Китаноска 6-4 одд