Должина. Претворање од една во друга мерна единица
Должината претставува растојание помеѓу краевите на едно тело. Должината претставува мера за една димензија и овозможува да се процени неговата големина. Таа зависи и од времето и од температурата.
Должината на телата се споредува со должината на еталон од 1m, која се смета за единица мерка за должина.За попрецизно мерење,метарот се дели на помали единици,обично на 10 (dm), 100 (cm), 1000 (mm) и.т.н. За поголеми должини се користат поголеми мери, како на пример km, hm, dаm.

Проценка и мерење на маса
Дали знаете дека...
Земјината маса (M⊕) е единица за маса еднаква на масата на Земјата. 1 M⊕ = 5,9722 × 1024 кг.
Четирите земјовидни планети во Сончевиот систем, Меркур, Венера, Земјата и Марс имаат маси од 0,055, 0,815, 1,000 и 0.107 Земјини маси. Исто така важи и :

- Јупитер има 317,83 Земјини маси
- Сатурн има 95,16 Земјини маси
- Нептун има 17,147 Земјини маси
- Сонцето има 332946 Земјини маси
ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ:
Колку тежат 1000 денари ако се претставени само со монети од: а. 1 денар б. 2 денари в. 5 денари г. 10 денари? |
Проценка и мерење на зафатнина
На сликата се претставени различни начини на изразување на зафатнина (волумен)
|
ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ:
1. Доколку капката која капе од една чешма има зафатнина од 1/4 ml и капе на секои 3 секунди во времетраење од
-еден час …
-еден ден …
-една седмица …
-еден месец...
колку вода би било потрошено?
2. Можно е да се намали количината на вода која се користи кога пуштате вода од тоалетното казанче доколку ставите тула во казанчето. Колку вода би можело да заштеди една тула при едно пуштање вода? … 5 пуштања вода? … 10 пуштања вода? … 100 пуштања вода? Димензиите на тулата се: 230 mm, 110 mm, 76 mm.

Зафатнина. Мерење. Пресметување и решавање на проблеми
Подготовка за писмена работа